Објавени се првите фотографии и видео од спасувањето на момчето Кан (12) кое осум дена мина под урнатините

Припадниците на противпожарната служба на градот Коџаели, кои беа распоредени во квартот Чебраил во Антакија, пронајдоа 12-годишно момче под урнатините.
На осмиот ден од потрагата по преживеани во разурнатиот од земјотресот Хатај, на југот на Турција, спасено е 12-годишното момче по име Кан.
Агенцијата Анадолија објави фотографии и видео од спасувањето на момчето.

This image has an empty alt attribute; its file name is spaseno-momce-posle-8-dena-1.jpeg


Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани по разорниот земјотрес што пред седум дена погоди десет градови во јужна Турција.
Припадниците на противпожарната служба на градот Коџаели, кои биле распоредени во квартот Чебраил во Антакија, под урнатините откриле 12-годишно момче.
Момчето по име Кан набрзина било извлечено од под урнатините, по што му била укажана лекарска помош.

Фото: Принтскрин/Twitter/TRT HABER

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …