НОВАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ ГОЛЕМ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК: Големо затоплување, па нов продор на многу студен воздух од север!

Метео анализа на Славчо Поповски

Следува зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд на пониските места (градовите) и од снег на планините и на повисоките места.


Снежната граница понекаде би можела да се спушти и под 1000 метри надморска височина, со што слабо провејување на снег понекаде би можело да има и во повисоките населени места. Повеќе врнежи ќе има во западните предели, каде на планините и на повисоките места ќе дојде до формирање на помала снежна покривка.

Во Скопје исто така се очекуваат повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а на околните планини ќе провејува снег.


Наутро температурите во текот на новата седмица ќе бидат повисоки, но и понатаму претежно под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Краткотрајно, но поголемо затоплување на времето ќе имаме кон крајот на работната недела кога температурите во Македонија ќе достигнат до 15 степени, понекаде дури и над 15 степени.


За време на следниот викенд доаѓа нов многу студен бран од север и ново големо заладување на времето и вистинско зимско време.

НАПОМЕНА: Поради наглите температурни промени кои се очекуваат во следниот период, кај метеопатите се очекуваат зачестени и значителни здравствени проблеми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …