Нов влажен бран но и силен ветер со прашина и песок од Сахара

Територијата на нашата држава е под влијание на циклонска активност со центар во Медитеранот и истата е на серија на влажни но релативно топли возушни бранови кои условуваат чести врнежи.
Уште незаминат стариот бран кој во текот на веќе вчерашниот ден особено попладнето и вечерта ја зафати нашата држава доаѓа нов влажен бран кој овој пат ќе услови и нестабилност во атмосферата.
Денес времето во нашата држава ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во текот на претпаднето ќе има само слаб локален дожд и тоа претежно на запад додека околу пладне и попладне како и навечер врнежите ќе се интанзивираат но сепак најинтензивни ќе бидат на запад каде локално ќе наврнат нови околу 20 л/м2 воден талог.
Ќе има и локален развој на нестабилна облачност проследена со поинтензивни врнежи и грмежи.
Ќе започне да дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12. до 18. степени.
Да напоменеме дека снег ќе паѓа само на највисоките планини и тоа на северозападот и на западот од државава (над 2000 м.н.в).
Под влијание на силно јужно и југозападно воздушно струење кое ќе го имаме во текот на денешниот ден но и утре (среда) освен многу нестабилното време со чести врнежи ќе се врши и транспорт на прашина и на песок од Сахара.
Поради оваа ситуација на некои места дождот кој ќе врне ќе биде помешан со прашина и со песок.
ОЧЕКУВАЊЕ НА БРЗИНА НА ВЕТЕР: Ќе дува умерен до засилен, повремено локално и СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец кој на моменти ќе достигнува брзина од над 80 км/час.
Сето ова ќе услови да имаме натпросечно топло време и релативно високи температури на воздухот за овој дел од годината, најавува метеоролот Славчо Попоски од  meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …