(ФОТО) Со часови лежел парализиран а го спасил најдобриот пријател – кучето Келси

Уште еден доказ дека кучето е најдобриот пријател на човекот ни доаѓа и од оваа приказна за човек кој се лизнал и паднал, го скршил вратот и така лежел 20. часа, а неговото куче не го оставило и непрекинато лаело.
Боб е човек од Мичиген, кој живее сам со своето куче Келси, но на новогодишната вечер му се случила ужсна несреќа. На час и половина до новата година тој излегол во дворот да земе дрва, но се лизнал на мразот и го скршил вратот.
Парализиран, без можност да се мрдне лежел на мразот, а најблискиот сосед живеел на 400. метри, свесен за неможноста за телефонира, ниту пак да викне доволно силно за да го слушнат, го очекувал најлошото.
Набрзо Келси го слушнала плачот на Боб од надвор и истрчала до него. Веднаш зналеа дека нешто не е во ред и започнала силно да лае.

Цели 20. часа Боб лежел на мразот, а Келси непрестано лаела, завивала, но не се мрднала од него и го топлела. Нејзиниот повик бил слушнат од соседот кој го нашол Боб во ужасна состојба и веднаш повикал помош.
Времето било од суштинско значење, и во тој момент било неизвесно дали Боб ќе преживее откако поминал толку време на поларни температури и со таква трауматска повреда.


Боб бил однесен во најблиската болница каде докторите успеале да го декомпресираат неговиот ‘рбет и тој повеќе не бил парализиран.
„Благодарен сум на двата мои херои“ изјавил Боб, мислејќи на Келси и неговиот сосед. „Тие се вистински и херои и вечно ќе сум им благодарен“.
Да не била упорноста на Келси и истрајноста и волјата за да преживее на Боб, работите можеле да излезат многу поинаку.
Тој навистина имал голема среќа и на Келси треба да и биде многу благодарен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …