Ноќеска се доделуваат Оскарите

Ако сте љубител на оваа најпопуларна церемонија на доделување награди во светот на филмот можете да ја следите вечерва на Телма од 02. часот...

Вечерва во Лос Анџелес ќе бидат доделени Оскарите, и ќе се знае кој е најдобриот филм за 2021 година.
Оскарите се доделуваат во 24. категории, вклучително и за најдобар филм, режија, главна машка и главна актерка, најдобра споредна машка улога и најдобра актерка, најдобро оригинално сценарио, најдобро адаптирано сценарио, најдобар странски, документарен и анимиран филм, како и најдобра музика и специјално ефекти.
Церемонијата на Оскар, одложена за 25. април годинава поради епидемијата на коронавирус, ќе се пренесува во живо од повеќе локации, вклучително и од Долби салата, каде традиционално се доделуваат наградите. Како и секоја година, церемонијата ќе се пренесува во живо од американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си.


На Телма во 22.15 часот ќе биде прикажан филмот, „Зелената книга“, добитник на Оскар. Од 00.30 започнува преносот од Црвениот тепих, а церемонијата на 93. доделување на Оскар ќе стартува од 02.00.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …