НЕЗАПАМТЕН СЛУЧАЈ ВО РУСИЈА: Девојче (13) забременила со другар (10)- полицијата покренала истрага!

13-годишно руско девојче забременило со 10-годишно момче од соседното училиште, јавуваат руските медиуми.
Случајот се случил во провинцијата Краснојарск во Сибир, при што светските медиуми известуваат дека  девојче и момче се другари од малечки нозе.
Девојчето планира да го задржи бебето, а нејзините родители ја поддржуваат во тоа.
Полицијата покренала истрага за случајот, што го пријавија лекарите од локалната болница. Училиштето, кое го посетува девојчето, вели дека ќе им ја понуди целата помош што им е потребна.
Не се знае многу за момчето, за кое се вели дека е татко на детето, но двајцата споделиле слики на социјалните мрежи, каде инаку споделуваат венчаните парови.
Локалниот педијатар Николај Скоробогатов изразил сомневање дека момчето е татко на детето.
„Теоретски, можно е, повторно, не знам ништо за овој случај и ми се чини како некој друге татко на детето. Тоа, се разбира, е многу лесно да се провери со тест, за кој верувам дека ќе биде спроведен“, рекол тој.
Во 2009 година, Велика Британија била запрепастена од случајот со Алфи Патен (12), момче кое тврдеше дека има дете со својата девојка Шантел Штедман (15).
Тоа предизвика национална дебата за моралот и бременоста на тинејџерите кога Дејвид Камерон рекол дека тоа предизвикува вознемирувачки прашања за модерната Велика Британија.
Сепак, текстот на ДНК подоцна покажал дека Патен (12) не е татко на детето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …