ТОЈ ЛУД СВЕТ – Невеста го оставила младоженецот среде заветите: Забележала нешто чудно кај него, се вклучила и полицијата

Штом почнало да грми, таа знаела дека не може да му верува на својот вереник
Младоженец од Индија ја изгубил невестата додека си ги кажувале заветите, а причината поради која го оставила е многу бизарна.

Жена од источната индиска држава Бихар одбила да се омажи за својот вереник откако тој „почнал да се однесува чудно кога почнало да врне и грми во близина на местото на свадбата“, известила полицијата.
Невестата, која е од селото Читрасенпур, ја прекинала венчавката кога младоженецот и признал дека се плаши од молњи и громови. Страната на младоженецот веднаш почнала да протестира бидејќи дел од ритуалите веќе биле „направени“, но невестата ги нападнала, поради што морала да интервенира и полицијата.
Се’ завршило со кавга и тепачка меѓу двете семејства, а уапсени се три лица кои го нападнале семејството на младоженецот.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …