НЕВЕРОЈАТНО – ПИСМО ПАТУВАЛО НАД 100 ГОДИНИ И КОНЕЧНО СТИГНАЛО НА АДРЕСАТА: Еве што пишувало во него, приказната е навистина ШОКАНТНА!

По повеќе од сто години патување, конечно писмото пристигнало на вистинската адреса.
Писмото било испратено во февруари 1916 година и неодамна пристигнало на адреса во улицата Хамлет, јужен Лондон, на големо изненадување на луѓето кои сега живеат на таа адреса.
„Видовме на писмото дека годината е 16, но мислевме дека е 2016 година, но потоа забележавме дека печатот има крал, а не кралица и сфативме дека тоа е 1916 година“, рекол пронаоѓачот Финлеј Глен за CNN.
Глен рекол дека тие го добиле писмото пред две години, но дури неодамна го отвориле кога го однел во локалното историско здружение на детално проучување. Ковертот го носи печатот на Џорџ V, а писмото е испратено за време на Првата светска војна.

This image has an empty alt attribute; its file name is pismo-1.jpg
„Кога сфативме дека е многу старо, помисливме дека е во ред да го отвориме“, рекол Глен, патем извинувајќи се ако го прекршил законот кој вели дека е нелегално да се отвора пошта адресирана до друго лице.
Писмото е, за жал, доста тажно. Се споменува извесна Кејти која била сопруга на локалниот претприемач Освалд Марш. Напишано е од Кристабел Менел, ќерката на трговецот со чај Хенри Туке Менел, додека нејзиното семејство било на одмор во Бат, западна Англија. Во писмото пишува дека таа се чувствува ужасно и дека е болна.
Зошто писмото никогаш не стигнало на адресата, засега ќе остане мистерија. Од поштата рекле дека вакви работи се случуваат многу ретко и дека не знаат зошто писмото патувало толку долго.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Фото Галерија) Златна елка – Најскапата елка во Европа изложена во Минхен, нејзината вредност е повеќе од пет милиони евра

Најскапата елка во Европа денеска е изложена во Минхен, а нејзината вредност е повеќе од …