(ФОТО) Актерка родила син на 56 години: „Кога се посомнева на бременост, на докторот му реков дека е луд“

Бразилската актерка и балерина Клаудија Раја пред неколку дена на 56-годишна возраст роди син, објавија бразилските медиуми.
Лука пристигнал малку порано на 11. февруари од очекуваното, на големо задоволство на неговите родители Клаудија Раја и Јарбас Хомем де Мело. Неговото прво дете, а третото на актерката е родено во Сао Паоло, а момчето е долго 48 сантиметри и тешко 2.960 килограми.

View this post on Instagram

A post shared by Claudia Raia (@claudiaraia)


„Забременувањето на 55 години беше сосема поинакво од пред 20 години. Тоа не е само физички проблем, туку и психички проблем. За 20 години многу се променивме, јас созреав, светот се промени. .. Имаше моменти, за време на бременоста, кога за прв пат се почувствував како мајка. Животот денес е многу поинаков, што дава многу ресурси за да се следат сите моменти“, вели таа.


View this post on Instagram

A post shared by Claudia Raia (@claudiaraia)


Таа раскажала и како реагирала кога докторот и рекол да направи тест за бременост.
„Кога докторот ме замоли за бета, тест на крвта за бременост, јас реков: ‘Душо, ти си навистина луд. Од каде ја доби идејата? Јас имам 55 години’. Но, не издржав, отидов во аптека и го направив тестот“ – тест што го прават сите – како да чекам ден ипол да дојде резултатот од анализата на крвта? Не можам да издржам.Тогаш го направив тестот и беше позитивен. Не ми беше јасно, сепак имам 55 години“, изјавила актерката за странските медиуми.

View this post on Instagram

A post shared by Claudia Raia (@claudiaraia)

View this post on Instagram

A post shared by Claudia Raia (@claudiaraia)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …