Неколку лица се повредени за време на снимањето на продолжението на култниот филм „Гладијатор“

Неколку лица, во саботата, биле повредени за време на снимањето на продолжението на култниот филм „Гладијатор“.
Како што пренесуваат странските медиуми, шест лица кои биле вклучени во продукцијата биле повредени за време на снимањето на продолжението на филмот добитник на Оскар од 2000 година. Луѓето се лекувале од изгореници по несреќа на снимање во Мароко.

„За време на снимањето на планираната каскадерска сцена на снимањето на продолжението на ‘Гладијатор’, се случи несреќа во која неколку членови на екипажот се здобија со повреди кои не се опасни по живот“, изјавил портпаролот на Paramount Pictures во изјава за Си-Ен-Ен.


Екипите задолжени за безбедност и лекарска помош веднаш интервенирале и повредените ги донеле во стабилна состојба и сега се на лекување.

This image has an empty alt attribute; its file name is gladijator.jpg


„Добрата состојба на актерската екипа е од најголема важност за нас, и имаме строги здравствени и безбедносни процедури во сите наши продукции. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и да ги преземаме сите неопходни мерки на претпазливост додека продолжуваме со снимањето“, изјавил портпаролотна Парамаунт.

Ова продолжение го режираше Ридли Скот, кој беше одговорен и за првиот филм, а актерската екипа ја сочинуваат Кони Нилсен, Дерек Џејкоби, Пол Мескал, Педро Паскал, Дензел Вашингтон и Џозеф Квин. Премиерата на филмот се очекува во ноември 2024 година.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …