На Тикток се појави видео од прославата на 50 години матура во Србија.
На видеото се гледа како генерацијата која дипломирала во 1973 година ужива во танцување и дружење со Тајчи и нејзиниот хит „Hajde da ludujemo“. Убавата прослава воодушеви многумина, особено кога забележаа дека се појавил и класниот раководител, за кој авторот на видеото во коментарите откри дека има речиси 80 години.
@user2033740879239
„Колку ми е убаво да се види ова“, „А не можевме да се собереме на пет години матура“, „Ова е навистина одлично, да се видат луѓе по 50 години“, „Убаво, прекрасни сте“, напишале луѓето во коментарите. Видеото собра речиси 40 илјади лајкови.
Фото: Принтскрин/TikTok