Недела ќе биде старт за студот и снежните врнежи

Северниот ветер од сабота навечер е само предзнак за „навлекувањето“ на студен воздух кон нашите краишта. Ова северно струење во приземниот атмосферски слој во комбинација со југозападното струење на висина на 3000 метри, кое што ќе ја обезбеди потребната количина навлажен воздух, ќе биде „идеалната рецептура“ за позначајна количина на снег во нашите краишта.
Снегот ќе започне да врне во текот на претпладнето од недела во западниот регион, со тоа што околу пладне врнежите ќе се прошират кон источниот крај.
Гевгелискиот и дојранскиот крај очекуваат врнежи од дожд околу пладне, но за релативно кратко време овие врнежи ќе преминат во снежни, особено доцна попладне и навечер.
Интензивирање на врнежите, со нагло зголемување на снежната покривка се очекува во ноќта кон понеделник. Снежната покривка во понеделник наутро би била околу 15-20 сантиметри во пониските населени места во западниот крај, а во источниот околу 10-20 сантиметри. Нормално, на повисоките населени места покривката би била поголема.
Ќе дува слаб, локално умерен северен ветер.
Минималната температура низ котлините ќе има вредност генерално помеѓу -2°С и 1°С, а на повисоките места околу -4°С.
Максималната вредност на температурата ќе биде речиси иста како и минималната, односно помеѓу 0°С и 1°С во котлините од северниот и западниот регион, а во југоисточниот крај 3°С.
Скопската котлина очекува облачно време со врнежи од снег кои ќе започнат доцна претпладне, а ќе се интензивираат во текот на вечерта. Ќе дува умерен северен ветер.
До понеделник наутро се очекува формирање на снежна покривка околу 10 до 15 сантиметри, во централниот дел на котлината, а во повисоките населби на падините на Водно и Скопска Црна Гора околу 15 до 20 сантиметри.
Температурата ќе има минимална вредност околу -1°С, а максимална вредност околу 0.
Доколку во текот на недела се решите да поминете време на некоја од македонските планини, очекувајте неповолни временски услови со врнежи од снег и значително намалена видливост. На севено експонираните страни на планините очекувајте формирање на снежни навеви, најавуваат од meteopro.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Убавината на руските марами

Марамите во Русија отсекогаш биле голем хит. Нивната првична намена е да ја загреат глава …