Очигледно желни да го обноват туризмот на грчките острови, Атина вели дека не смее да има дискриминација помеѓу начините на патување…
Грчката влада и понудила на Европската унија голем број предлози за обновување на туризмот и, воопшто, патувањето во Европа.
Наводно, Грците сакаат границите да бидат отворени „таму каде што е можно“ од 15 јуни.
Иако се посочува дека сè уште ќе биде потребно да се направат тестови за вирусот корона, грчките власти во предлогот до Европската унија истакнале дека тестовите не би биле потребни за патувања меѓу оние области каде има јасни докази дека епидемијата на вирусот корона е добро контролирана.
Очигледно желни да го обноват туризмот на грчките острови, тие од Атина велат дека не смее да има дискриминација помеѓу начините на патување.
„Воздушниот, копнениот и морскиот сообраќај мора да се отворат во исто време и со јасни протоколи. Не можеме да дозволиме подалечните земји-членки да заостануваат“, наводно се наведува во предлогот.
Сепак, некои начини на транспорт би можеле да бидат во центарот на вниманието пред другите, бидејќи заменик-министерот за внатрешни работи Теодорос Караглу веќе и предложи на својата влада отворање на 4. од 13. гранични премини, со цел, до крајот на мај, да се дозволи патување со автомобили.