Националната опера и балет во чест на „Мајските оперски вечери“ со серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“

Месецот мај за Националната опера и балет е од особено значење, месец во кој се одржува меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. За жал и оваа година поради пандемијата не сме во можност да го одржиме фестивалот, меѓутоа во чест на „Мајските оперски вечери“ и негово одбележување, Националната опера и балет ќе одржи серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“. Настаните ќе бидат емитувани онлајн на официјалниот Јутјуб канал на Националната опера и балет, дел од нив и на ТВ 24, како и со надеж дел од настаните да се одржат со присуство на публика, согласно препораките на комисијата за заразни болести.

Прв во серијалот од „Мајските концерти“ Националната опера и балет  го најавува гала оперскиот концерт „Волшебниот Моцарт“  кој ќе биде емитуван на 9.5.2021г.  со почеток во 20 часот, на официјалниот Јутјуб канал.


Концертот е по повод 230 години од смртта на музичкиот великан Волфганг Амадеус Моцарт, еден од најгенијалните композитори во историјата на класичната музиката. Неговиот опус е грандиозен и безвремен, со огромно влијание врз музичкото творештво на многумина знаменити композитори по него во минатото и денес.

На гала оперскиот концерт ќе бидат изведени арии од делата „Дон Џовани“, „Волшебната флејта“ и „Свадбата на Фигаро“ и „Грабнување од сарајот“.


Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС“ во чест на Пикасо од Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе биде поставена во Хрватска

Керамика мултиплекс 2024, КЕРАМЕИКОН -ДРУШТВОТО НА КЕРАМИЧАРИ НА ХРВАТСКА Ви ја претставува изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ …