Трговскиот центар Ушче во Белград од утрово е нов пункт за вакцинација. Покрај вакцината против короната, за првите 100 лица биле предвидени ваучери во износ од 3.000 динари околу 25. евра за шопинг во тој трговски центар. Сцените што следеле биле тешки за гледање.
Одговорот за вакцинација во Србија не е лош, но може да биде и подобар. Поттик за тоа е подобар ваучер за шопинг, макар што навалиците што се создале поради тоа не оди во прилог на борбата против ширењето на короната.
Денес, на Ушче биле многу новинарски екипи кои соопштиле дека некои од лицата пристигнале пред седум часот наутро, иако вакцинацијата официјално започнала во девет.
View this post on Instagram
Редицата пред трговскиот центар била создадена уште пред отворањето. Белграѓани од различна возраст одлучиле да добијат една од трите достапни вакцини – Спутник В, Фајзер, Синофарм а колку во тоа има улогата на 3.000 динари може да се види на снимката што се споделуваат како тажна и поразителна слика за Србија.
Луѓето скоро се тепаат, туркаат, газат едни на други на ескалаторот, сè за да се најдат во тие први сто.
Gužva u TC Ušće zbog 3000 din i vaučer za oblačenje.
Vučić je još jednom pokazao koliko nisko Srbi mogu da padnu! pic.twitter.com/wL9jerIgn1— Vladan 💥🧠 (@Vladan33546637) May 6, 2021
Фото: Принтскрин/Twitter