Наскоро промоција на проектот „Македонијо во срце те носиме“ со 12. еминентни македонски фолк и поп изведувачи

Идната недела на прес-конференција ќе биде претставен новиот музички проект насловен „Македонијо во срце те носиме“. Станува збор за проект во кој на едно место се ставени 12. македонски патриотски песни во изведба на 12. македонски изведувачи, и од светот на забавната и народната музика.
Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“…

This image has an empty alt attribute; its file name is makedonijo-vo-srceto.jpg
На прес-конференцијата (во вторник, 6 јуни) ќе бидат откриени сите детали околу проектот.
Целта на „Македонијо во срце те носиме“ е во овие турбулентни времиња кога често сме негирани како народ кој има своја историја, свое творештво, песни во кои се крие вистината на нашата земја да ги возобновиме најубавите македонски патриотски песни, да им го продолжиме векот и да ги приближиме до новите генерации.


Александра Тимковска

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …