Наскоро нов видео запис за необјавена песна на Тоше Проески

По повод десетгодишнината од смртта на Тоше Проески, а под покровителство на Фондацијата што го носи неговото име, ќе се снима спот за песна од Тоше која не е објавена досега.
„Спотот за песната „Secret Place“ ќе почне да се снима деновиве во Крушево, а се очекува да биде промовиран на 16. октомври, на денот кога пред точно десет години Тоше загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска“ стои во видеото кое кружи на социјалните мрежи.
Фондацијата Тоше Проески неколкупати промовираше нови, необјавени песни на Тоше, но ова е прв пат за една песна да се сними спот.
Традиционално на 5. октомври во организација на Фан клубот Тоше Проески од Скопје на Плоштадот Македонија ќе се одржи настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, на кој ќе биде претставена нова, необјавена песна „Light the flame“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …