Надал се коцкаше, па го совлада Шаповалов за ново полуфинале на АО

Рафаел Надал е во полуфиналето на Мелбурн. Шестиот играч во светот, по голема борба и промашени два сета вишок, сепак го победи Денис Шаповалов со 6:3, 6:4, 4:6, 3:6, 6:3.
Се очекуваше Канаѓанецот да му биде рамноправен ривал на Шпанецот, но почетокот на мечот не го навестуваше тоа. Првиот сет беше целосно мирен. Во четвртиот гем беше забележан само еден брејк. Деконцентрираниот Шаповалов го загуби сервисот со нула и до крајот на овој дел од играта Надал лесно ја задржа стекнатата предност.

Шаповалов имаше можност уште на стартот на петтиот сет да го скрши Надал и да го прекине мечот во своја полза. Не ја реализираше шансата за брејк, но затоа успеа Шпанецот и во следниот гем и стигна до 2:0. Рафа се мачеше и во следниот гем на свој сервис, спаси уште две брејк топки но поведе со 3-0.
Тогаш дуелот беше решен. Шаповалов никогаш не доби друга шанса. Катастрофалниот избор на удари во петтиот сет и нетрпеливоста на крајот го чинеа победа и пласман меѓу четворицата најдобри. Надал, пак, покажа дека и покрај големата паузаа што ја имаше, сепак може да игра мечеви на високо ниво во пет сета.
Надал ќе игра за пласман во финалето на првиот сезонски Грен слем со победникот од мечот Беретини (Италија) – Монфис (Франција).


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …