На Балканот на повидок зимски удар!

Влегуваме во еден период со многу нестабилно време кога често се помешуваат сонцето, облаците и дождот што значи во следните два дена ќе имаме претежно стабилно и суво време како и релативно топло а од викендот нова промена и врнежи а на почетокот од следната недела и студен воздух од север барем гледано според моменталните анализи.
Сево ова ќе услови многу неповолни биометеоролошки услови што значи кај метеопатите ќе се појавуваат позначителни тегоби односно главоболки, болки во коските и болки на местата од старите рани а можна е појава и на главоболка како и несоница и тежина на телото и главата. Освен кај метеопатите и тоа како се можни вакви здравстени проблеми и тегоби и кај дел од обичните граѓани па совет е сите граѓани доколку осетат посериозни тегоби и проблеми веднаш да се обратете кај лекар за совет.
На почетокот од следната недела се прогнозира продор на зимски удар на Балканскиот Полуостров кој би условил врнежи од дожд, снег, снежна покривка, силен северен ветер и многу ниски температури на воздухот, велат од meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …