(ФОТО) Зебра колач на Лорејн Паскал

Потребно е:

250 мл масло


175 г бел шеќер

75 г кафеав шеќер


100 мл млеко

1 кесичка ванилин шеќер


4 јајца

300 г брашно

25 г какао

4 лажички прашок за печиво

1/2 лажичка сол

рендана кора од еден портокал
Подготовка:изматете ги јајцата со двата вида шеќер. Во пенливата смеса напоредно додавајте ги маслото и млекото.Во брашното измешајте ги печивото и солта, вмешајте во смесата од јајца.Соединете ги состојките да добиете хомогена смеса. Тестото поделете го на два дела. Едниот останува жолт и тука вмешајте го ванилиниот шеќер, а во другата половина додајте какао и коричка од портокал. Секоја од смесите ставете ги во ќесички за декорирање. Во калап за печење намачкан со путер и наросен со брашно паралелно истиснувајте малку од едната па малку од другата смеса.

Доколку сакате поедноставен принцип – со лажица ставајте прво од едната па потоа од другата смеса, на средина  ќе видите како колачот се шара и ја добива потребната „зебра“ креација.
Рерната загрејте ја на 180 степени и префрлете го калапот со тестото кој претходно неколку пати сте го удриле од работната маса – за да излезе воздухот и да се израмни.Печете околу 35 минути, најдобро да проверите, со чепкалка, дали е испечено.
Извадете го колачот од рерна, префрлете на работна површиа. Нека стои неколку минути а потоа внимателно префрлете на чинија за служење.
Послужете со чај, кафе или топло чоколадо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …