МЗ: Вкупно се аплицирани 1.557.028 дози вакцини – Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.504 дози вакцини

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.504 дози вакцини, од кои 713 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 57 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 14 октомври вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, ревакцинирани се 758.001, а трета доза примиле 1.039 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – Постои опасност од по силно невреме и поројни поплави

Метео прогноза на Славчо Попоски: Денес од пладневните часови на повеќе места низ Македонија Атмосферата …