Момче (11), најмладата жртва на корона вирус во Хрватска – починал на Инфективната клиника, немал други болести!

Дошло до ретка компликација што лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број заразени деца
11. годишното момче починало во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести д-р. Фран Михаљевиќ во Загреб, од последиците на ковид инфекцијата, неофицијално дознава Jutarnji list.
Ова е најмладата починато лице од последиците од новиот коронавирус во Хрватска, а според првичните сознанија момчето порано не било болно.
Како што се дознава, дошло до ретка компликација што лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број деца кои биле заразени. Како што првично се дознава, имало воспалителен синдром на повеќе органи, кој се јавува како прекумерен имунолошки одговор.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Утре на повеќе места врнежи и грмежи – Локално се очекуваат и поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, утре (четврток 2.5.2024) …