Многумина од нас ја прават оваа ГРЕШКА: Една навика ни носи несоница најмалку 3 ЧАСА

Научниците објаснија што треба да се направи за да се врати нормалниот режим на спиење…
Некои луѓе гледаат телевизија пред спиење, други читаат, трети – а повеќето од нив – се дружат на социјалните мрежи. И тогаш не можат да спијат. Причинската врска помеѓу телефонот и несоницата ја открија научници од два универзитети – Дјук и Јеил. И воопшто не се работи за зрачењето на „синиот“ екран.
Во текот на студијата, чии резултати беа објавени во списанието Sleep Medicine, универзитетскиот персонал анализирал 120 милиони пораки што корисниците на популарниот сајт Reddit ги оставиле таму во текот на 15 години. Излегува дека ако некое лице влезе во онлајн разговор околу еден час пред времето кога обично оди на спиење, завршува во кревет 1-3 часа подоцна од вообичаеното.
Научниците веруваат дека тоа се должи на очекувањето одговор на коментар или порака: останувате будни затоа што чекате одговор до вас. И во овој момент доаѓа до скок на нивото на допамин – хормон кој ја зголемува активноста на мозокот и ја инхибира желбата за спиење.

Оттука и заклучокот дека барем еден час пред спиење да поминеме без социјални мрежи и форуми или барем без дискусии во нив.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …