Мистеријата на кутијата пронајдена на врвот на Мон Блан која криела богатство

Богатство од смарагди, рубини и сафири е закопано со децении на глечер во близина на Мон Блан, Франција. Се верува дека богатството му припаѓало на еден од патниците во индискиот авион кој се урнал во овие непристапни области пред 50 години.
Кутијата со скапоцени камења ја пронашла група планинари во 2013. година, а неодамна содржината од пронајдената кутија им била поделена на планинарите и локалните власти, пишува РТС.

This image has an empty alt attribute; its file name is monblan.png
„Камењата беа поделени оваа недела на два еднакви дела вредни по околу 150.000 евра“, рекол градоначалникот на Шамони Ерик Фурние.
Тој истакна дека е многу среќен што по осум години се заврши според планираното. Го пофалил планинарот кој ја нашол кутијата со накитот, кој согласно законот и ја предал на полицијата.
Во оваа област се урнаа два авиони на „Ер Индија“, едниот во 1950. година, а другиот во 1966. година.


Властите веруваат дека накитот му припаѓа на еден од патниците на летот од Мумбаи за Њујорк.
Со текот на годините, планинарите ги пронајдоа остатоците, багажот и човечките остатоци од урнатиот авион. Во мај 2012. година, Индија имаше торба со дипломатска пошта од Кангкенџунга, од „Боинг 707“, кој летал од Мумбаи до Њујорк.
Се урна на Мон Блан на 24. јануари 1966. година. Во несреќата загинале 117. патници, меѓу кои и индискиот инженер за нуклеарна програма Хоми Јахенгир Бабху.


Фото: Принтскрин/en.wikipedia.org

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …