МЕДИЦИНСКО ЧУДО ВО ИРАК: Дете родено со три пениси – лекарите пресудиле колку ќе исечат

Момче во Ирак, родено со три пениси е првото дете кај  кога е потврдена оваа чудна деформација, велат лекарите.
Лекарите од северот на земјата, во близина на Мосул, веруваат дека тие први објавија детална студија за човечка трифалија – кога некој ќе се роди со три пениси. Бидејќи само еден е функционален, другите два – кои израснале од коренот на „вистинскиот“ пенис – биле хируршки отстранети.
Лекарите велат дека едно од пет до шест милиони момчиња се раѓаат со повеќе од еден пенис и дека во светот се регистрирани околу 100. случаи на дифалија – два пениса.
Момчето со курдско потекло е прв случај на трифалија, според Меѓународниот журнал за хирургија.
Имало уште еден случај од 2015 година, но тој никогаш не бил потврден затоа што не било објавено никакво истражување за тоа во медицинско списание.
Момчето убаво се опоравува од операцијата, а лекарите сè уште не можат да ја објаснат причината за овој деформитет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …