Маркус Гинјард ги даде подароците од младите од КК Работнички на децата во СОС Детско село

Во сабота, 23.12.2017, по иницијатива на кошаркарот на КК Работнички, Маркус Гинјард, младите од КК Работнички на интересен и забавен начин, преку спорт, собраа подароци за децата од СОС Детско село.
Истиот ден младите се дружеа со Маркус Гинјард кој со нив ја сподели неговата животна приказна и им посочи се’ во животот. Целта на кошаркарот на Работнички е кај младите да ја пренесе пораката дека треба да имаат доверба во заедницата и најблиските и дека спортот треба да е еден од клучните фактори во пренесување на пораката дека секој може да го следи својот сон.

Денес, Маркус ги достави подароците до децата од СОС Детско село и им рече дека кога сакаат можат да ја посетат салата на КК Работнички за заедно да играат кошарка, со него и со младите од КК Работнички. Гинјард верува дека вредностите кои ги носи спортот како тимска работа, одговорност, мотивација, работа, храброст и хуманост, се клучни за развој на младите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС“ во чест на Пикасо од Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе биде поставена во Хрватска

Керамика мултиплекс 2024, КЕРАМЕИКОН -ДРУШТВОТО НА КЕРАМИЧАРИ НА ХРВАТСКА Ви ја претставува изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ …