Мал број билети се останати за септемврискиот спектакл „Мала Италија патува 2“


Извонредните италијански песни во изведба на Павле Камилоски и оваа година ќе ја доловат италијанската музичка заводливост.

“Малата Италија” е настан кој традиционално ќе се одржи по четврти пат на 19 септември, во големата сала на Македонската опера и балет во 20.00 часот. Оваа година, во придружба на Павле Камилоски, на големата сцена ќе настапат балетски уметници, како и светски познатиот диригент, Христо Христов од Бугарија, а како специјален гостин ќе настапи реномирана македонска пејачка, што ќе биде изненадување за публиката.


Поради големиот интерес останати се уште мал број билети кои можат да се набават преку онлајн-мрежата на мктикетс илина продажните места.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО ЗАГРЕБ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „СО И БЕЗ” НА МАРИЈА СОТИРОВСКА БОГДАНОВСКА

Вчера вечер во македонскиот КИЦ во Загреб беше отворена изложбата „Со и без” на Марија …