Макфест прва вечер: Поделени бодови на првата полуфинална вечер – дали се наѕира победникот!

Наместо да се на „Макфест“ во Штип, поголемиот дел од новинарите се во Охрид, на друга задача…
Но, од она што некако успеавме да го слушнеме и видиме синоќа од Штип, од првата полуфинална вечер на „Макфест“ и не се многу за осуда…
Салата полупразна (а собира околу 700 луѓе), а со носталгија се сеќаваме на годините кога владееше еуфорија и за овие феситвалски вечери се бараше билет повеќе…
Не си даваме за право (според она видено од тв екранот на МРТ) да судиме за организацијата и слични детали кои се многу важни за фестивалот, но од она што го слушнавме видливо е и слушливо дека „Макфест“ е далеку од оние години кога од фестивалската сцена произлегуваа многу хитови кои „се вртеа“ цела па и повеќе години…
Но, тоа е на душа на организаторите и посебно на уметничкиот директор кој од пристигнатите 67. компизции „бендиса“ само 10, а потоа 20. нарача…

Да сум автор, докажан, во Македонија, никогаш не би учествувал на конкурс кога подоцна можат да ми нарачаат песна која и „можеби“ ќе биде платена…или ќе освои некоја од паричните награди па се’ ќе се исплати…
„Макфест“, првата полуфинална вечер, делуваше празно, сиромашно и бледо…
Останува да видиме како ќе се одвива и втората полуфинална вечер па колку – толку ќе имаме увид и во финалистите кои ќе се натпреваруваат, во сабота, за титулата „Победник на макфест 2019“ и ќе си заминат дома со убав паричен износ…
Се говори дека Григор Копров има многу песни на „Макфест 2019“ и тоа под псевдоним (што секако им е познат на организаторите и на Дојчиновски, или станува збор за „своевидно враќање“ бидејќи „Макфест“ се снимаше во студиото на Копров, а Дојчиновски работеше многу аранжмани за „Охрид фест“ или „Трубадури“ како ли се вика веќе…

Драган Спасов Дац и Александар Митевски бараа пребројување на гласовите од „Охрид фест“ па нив ги вбројуваме во главните кандидати за победа на „Макфест 2019“ (на неслушнато на сите композиции) според она народното – на ти – дај ми…

Но, ќе видиме и слушнеме па ќе дискутираме…
Можеби се’ се само муабети, макар што….и не се.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …