(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА СЛУЧАЈНОСТ: Браќа близнаци станале татковци ист ден!

Добрите работи секогаш доаѓаат во парови.Дека тоа е точно, браќата близнаци Патрик и Пол Јанг, кои станаа татковци на момчињата во ист ден, ќе ви потврдат.Добрите работи секогаш доаѓаат во парови.Дека тоа е точно, браќата близнаци Патрик и Пол Јанг, кои станаа татковци на момчињата во ист ден, ќе ви потврдат.
Сопругата на Патрик Ешли Јанг го родила Џек Тод Јанг на 19. септември во 18:01 часот по американско време во болницата Вудбери.
Истиот ден, после 30. часа трудови, сопругата на Пол, Фелисија Јанг, го роди братучедот на Џек во 11:49 часот во болница во близина на Хастингс.
„Ешли и јас со години се обидувавме да имаме деца, но не ни успеваше. Немавме идеја дека Пол и Фелисија исто така се обидуваат“, изјавил Патрик за „Добро утро Америка“.
Како и да е, браќата дознале дека ќе станат родители, но не можеле ни да сонуваат дека тоа ќе се случи истиот ден.
“Термините на породуваше не се совпаѓаа. Патрик испрати порака дека оди во болница, а Пол одговори дека веќе стасале”, се сеќава Фелисија.


„Сигурна сум дека тие ќе ги слават своите родендени заедно. Мислам дека целата оваа приказна ќе им биде пријатна, барем до нивните тинејџерски години“, додала Ешли.
Новородените татковци Патрик и Пол се родени со само две минути разлика во 1988. година. Отсекогаш биле блиски, а целосното случајно раѓање на нивните синови во ист ден ги прави уште поповрзани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …