Македонците од Албанија: Од кога сме родени знаеме дека сме Македонци

Нас Македонците во Албанија ништо не може да не поколеба на пописот да се изјасниме она што сме, а за Бугари тоа е само идеја која попусто ја пропагираат бугарските власти и здруженија, порачуваат Македонците во Албанија.

-По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има.


Нема никаков проблем, кога попишувачите ќе дојдат и ќе не прашаат ќе кажеме дека сме Македонци, со православна или исламска вероисповест и дека мајчин јазик ни е македонскиот, велат Македонците.

Дел од нив се прашуваат каде биле до сега бугарските власти.


-Како македонско малцинство признати сме уште од времето на Енвер Хоџа и тоа ни пишува во граѓанската евиденција.

Тоа што доаѓаат и се обидуваат да не заплашат, не е ништо, ние сме преживеале многу пострашни нешта. Каде беа до сега оние кои бараат нешто што го нема, додаваат тие.


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈАВА ЗА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: За време на викендот температурите ќе надминат 30 степени, но стабилно ќе биде само во петок и во сабота, потоа невреме

Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на …