Македонската пијанистка Ана Велиновска ќе свири на Луцерн Фестивал и Звуци на Алпите во Швајцарија

Македонската пијанистка Ана Велиновска ќе свири на фестивалот Звуци на Алпите, во срцето на швајцарските Алпи, кој ќе се одржи од 12 до 15 Август.

На фестивалот ќе изведе три светски премиери, од композитори од Русија, Ерменија и Швајцарија. Потоа Велиновска ќе настапи и на Луцерн Фестивал, еден од водечките фестивали во светот на класичната музика, кој ќе се одржи во градот Луцерн во Швајцарија, од 10 Август до 12 Септември.


На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат плејада од меѓународни ѕвезди, меѓу кои пијанистите Даниел Баренбоим и Јуџа Венг, мецосопранот Чечилија Бартоли, виолинистката Ен-Софи Мутер, диригентите Валери Гергиев и Сер Сајмон Ратл, а ќе гостуваат оркестри како Виенската филхармонија и Берлинската филхармонија.

Пијанистката Ана Велиновска во тим со специјалисти за нова класична музика ќе изведе швајцарска премиера на музиката на Ребека Саундерс, резидентната композиторка на Луцерн Фестивал 2021.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во …