Challenge Day – Добиј целосна стипендија за новата академска година во СЕДЦ

Seavus едукативниот и развоен центар го најавува традиционалниот, добро познат Challenge Day, ден за тестирање на најперспективните и најталентираните кандидати, во сферата на информатичките технологии и дизајнот.
Целта на овој настан е доделување на шест целосни и девет полустипендии за Академските програми во СЕДЦ за академската 2021/22 година.
Стипендиите и полустипендиите ќе бидат насочени кон Академијата за програмирање, Академијата за Компјутерски мрежи (Cloud Opsи  Security Specialist), Академијата за Софтвер Тестер и Академијата за Дизајн.

Овогодинешниот Challenge Day, ќе се одржи на 15 јуни во просториите на СЕДЦ со почеток во 14:00 часот. Тестирањето се врши електронски и содржи прашања со повеќе кратени збор. Прашањата се на англискијазик и истите се избрани со гласно насоката, дел поспецифични, но и општи и логички поврзани со предметите што ќе се изучуваат на Академиите. Секој учесник има право да се тестира само за една насока од СЕДЦ Академиите.


Учествотона Challenge Day е бесплатно, а пријавувањето се врши на следниот линк: https://cutt.ly/InPdGJ7

Последен рок за пријавување на настанот е 15 јуни (вторник) до 10:00 часот.


Повеќе информации за Challenge Day може да најдете на:
https://www.sedc.mk/challenge-day-%e2%80%a2-scholarships-for-academies-2021-22/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …