Македонија – земја на таленти: Тој има 14 години и бројни настапи во Америка

Младиот Андреј Илијоски остана највпечатлив на неодамнешната турнеја која ја имаа оркестарот „Маестрал“ од Битола. Тој претставува голем виртуоз на својот дувачки инструмент на сите нивни бројни настапи во Америка пред нашите иселеници во дијаспората.

„Имам 14 години , свирам на инструментот кларинет. Учам во нижо музичко училиште во класата на професорот Спире Јовановски. Одам во ОУ Даме Груев. Од мал имав желба, слушав народна музика и потоа кога почнав во основното училиште изразив желба кон кларинетот и се запишав во нижото училиште“, вели младиот Андреј.
Андреј во далечната Америка беше доживеан на сосема позитивен начин од македонците. Толку малечок а прекрасен виртуоз на кларинет, инструмент кој секогаш го поткрева расположението повеќе.
„Имаше секакви реакции , мило ми беше што сите беа задоволни од тоа како настапив и јас сум задоволен од тоа како поминавме од сите настапи. Најмногу ми е мило тоа што така помина“, вели Андреј.
Сето ова претставува уште поголем поттик за Андреј да продолжи понатака да свири на овој инструмент и да ја продолжи традицијата од својот татко Рубин кој е дел од оркестарот Маестрал. Секако тато Рубин е премногу горд што токму малиот Андреј во голема мера чекори по неговите стапки.
„Секако дека сум горд. Првото негово искуство се покажа и докажа навистина во право светло. Не само јас, туку и колегите, мислам дека се горди на него“, додава Рубин, за Естрада Плус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …