Ќерката на претседателката на Хрватска итно оперирана!

Хрватската лизгачка, Катарина Китаровиќ (17), ќерка на хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китановиќ, во четвртокот навечер била итно префрлена во една болница во Загреб.
Таа била хоспитализирана поради јаки болки во стомакот. Се открило дека има воспалување на слепото црево и веднаш била оперирана. Според пишувањето на порталот, „24часа“, немало компликации и младата спортистка се чувствувала добро.
Ќерката на Колинда е лизгачка која на меѓународните натпреварувања „ниже“ успеси и која важи за една од најталентираните уметнички на ледот од овие простори.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националниот џез-оркестар настапи на ,,Албанија џез-фест” во Тирана

Македонскиот Културно-информативен центар во неделата вечерта во Тирана го претстави нашиот Национален џез-оркестар пред тиранската …