Мајката им плаќала одмор на децата за да може да биде дома сама со љубовникот: „Тоа е мала сума за мојата среќа“

Наместо да се чувствува возбудена поради тоа што нејзините деца се враќаат дома од факултет и ги гледа по долго време, таа само барала начин да ја продолжи својата афера.
Мајка раскажала дека платила за нејзините деца да го поминат летото на патување додека нејзиниот сопруг работел – за да може да ужива во аферата со нејзиниот таен љубовник. Џорџија (44) им подарила илјадници долари на своите деца на возраст од 19 и 21 година, кои се подготвувале да се вратат од своите универзитети во Единбург и Борнемут за празниците. Но, наместо да се чувствува возбудена кога ќе ги види, таа упорно барала начин да ја продолжи својата афера додека тие биле во семејниот дом, пренесува The Sun.
Имено, секогаш кога нејзиниот сопруг одел на работа, Џорџија му се препуштала на љубовникот.
„Тоа беше единственото решение што можев да го најдам за да ја продолжам мојата афера без деца. За некои веројатно звучи екстремно и како многу пари, но тоа е мала сума за сечија среќа, вклучувајќи ја и мојата”.
„Исто така, сакав да им дадам одмор бидејќи ја завршија учебната година, па не беше ненадејно. Едноставно не можам да се справам со можноста да морам да ја завршам врската со мојот љубовник. И, во моите очи, ова беше добитна комбинација за се“, објаснила оваа мајка.
„Кога децата првично отидоа на универзитет, бев многу возбудена што ќе поминам квалитетно време со мојот сопруг. Но, беше чиста спротивност и сè се распадна. Нашата врска е толку еднострана. Му предлагам да одиме на состаноци или да правиме работи заедно, сепак, чувствувам дека тој воопшто не сака да поминува време со мене, знае дека сум несреќна, веројатно и тој е несреќен, но секогаш сме се согласувале да останеме заедно заради децата. барем додека не се иселат“, рекла Џорџија.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …