МАГНИТУДА 5,2 СТЕПЕНИ – Силен земјотрес ја потресе Романија а бил почувствуван во многу градови во Србија

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала пред неколку моменти ја погоди Романија.
Според веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 20 километри северозападно од градот Таргу Џиу.


Според корисниците на Твитер, земјотресот бил почувствуван и во многу градови во Србија, меѓу другите во Ниш и Вршац.
Се уште нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
Потсетуваме дека светот се уште е во шок поради силните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала што ги потресоа Турција и Сирија пред седум дена. Според последните податоци, бројот на жртвите во овие два земјотреси надмина 36.000.

Фото: Twitter/EMSC


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот уметник Киро Урдин

Киро Урдин е роден во Струмица на 12 мај 1945 година. Дипломирал на правниот факултет …