Мафини од банани: Десерт кој ќе ве освои со првиот залак!

Кога еднаш ќе го пробате овој десерт сите ќе ви бараат рецепт…
Состојки:
130 г шеќер
100 мл масло
2 големи јајца
2 малечки, зрели банани
200 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 лажичка сол
1 лажичка цимет
По желба: сечкани ореви, лешници, бадеми


Подготовка: рерната вклучете ја на 180 степени.
Калапот за 12 мафини намачкајте го со путер.
Јајцата изматете ги со шеќерот, додајте масло, пасирани банани и екстракт од ванила. Во друг сад измешајте ги брашното, печивото, солта и циметот, соединете со течната смеса. Наполнете ги калапите (до 2/3 во висина) и печете ги 15 – 20 минути.
Проверете со чепкалка дали се испечени и по потреба продолжете го печењето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЧЕСТИ ВРНЕЖИ, ЛОКАЛНО ПОРОЈНИ И ПРОСЛЕДЕНИ СО ГРМЕЖИ: Оваа седмица и понатаму со потпросечни температури за септември

Метео прогноза на Славчо Попоски: Циклонската активност која не зафати уште од изминатата седмица, продолжува …