(ВИДЕО) МЕРКИ НА БЕЗБЕДНОСТ – АЕРОДРОМОТ ВО РИМ ВОВЕЛ ПАМЕТНИ КАЦИГИ ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА КОРОНА: Вработените со скенери им ја мерат температурата на патниците!

Аеродромот Фјумичино, Рим, е првиот во Европа што воведе „паметни кациги“ за мерење на температурата за да се спречи ширење на корона вирусот.
Станува збор за преносни мерачи на температура или термички скенери во облик на кацига што им овозможуваат на вработените во аеродромот да ја мерат телесната температура на патниците на терминалите на безбедно растојание до седум метри.


Во случај апаратот да утврди температура над 37,5 степени следи лекарски преглед.


Тоа е дел од активностите во рамките на планот на аеродромот „Фјумичино“ за нормализирање на воздушниот сообраќај што е можно поскоро, со максимална здравствена безбедност на патниците.

Екран.мк/Tanjug

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Сомнително Лице“ театарска претстава од млади за млади

Денес, со почеток во 18:30 часот во Училиште за театар „Од игра до претстава“, ќе …