Овој бисквит изгледа убаво и не е многу сладок…
Потребно е:
Бисквит:
4 јајца
80 г брашно
малку прашок за печиво
40 – 50 мл масло
50 – 100 г шеќер
50 мл млеко
1 лажица какао
Фил:
1 пудинг од слатка павлака
1 кесичка ванилин шеќер
300 мл млеко
50 г маргарин
1 лажица шеќер во прав
Подготовка:бисквит: изматете ги јајцата со шеќерот и додајте брашно и печиво, масло, млеко па се изедначете. Смесата поделете ја на половина. Во една половина додајте го какаото и убаво измешајте. Плехот обложете го со хартија за печење, па прво истурете го светлиот дел , па израмнете. Одозгора, во млазеви додавајте го темниот дел, па израмнете. Со долниот дел на лажицата повлекувајте по дното прво по должина на попреку…Потоа протресете ја тавата и ставете во рерна загреана на 180. степени. Печете околу 15 – 20 минути.
Испечениот ролат префрлете го на рамна површина да се излади, или извадете од тавата, отстранете ја хартијата и завиткајте, во хартија за печење, да се излади. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Пудингот сварете го во млекото и засладете по вкус, па кога ќе се излади изматете пенесто со маргаринот. Намачкајте го ролатот, убаво завиткајте и оставете да се излади два до три часа.

(ВИДЕО) Пробајте шарен ролат
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.