30.07. Антчки театар Охрид

Лозано и „Некст Тајм“ имаат најпродаван концерт ова лето во Охрид!


На 30-ти јули во „Антички театар“ во Охрид, спектакуларен концерт ќе одржат моментално најголемите музички имиња од нашата земја, милениците на публиката – Лозано и „Некст Тајм“.
Лозано и „Некст Тајм“ ќе одржат тричасовен концерт на кој ќе ги пеат своите најголеми хитови, а исто така се планира и изненадување за сите присутни.
Тие ќе настапат со своите бендови, а во Охрид пристигнуваат еден ден порано со цел да се направат последните подготовки пред големиот концерт.
Организаторите на концертот велат дека интересот е огромен и дека летово и покрај тоа што во Охрид има многу музички настани, овој концерт е еден од најпродаваните.

This image has an empty alt attribute; its file name is nerkst-tajm-i-lozxano-vo-anticki.jpg
„Мислам дека ова е единствен голем концерт на македонски изведувачи ова лето во Охрид, а тоа ни беше доволно мотивација да покажеме и докажеме дека и ние имаме музички имиња кои можат да парираат на сите регионални ѕвезди кои доаѓаат кај нас нас“ – накусо ни изјавија организаторите.
Инаку и Лозано и „Некст Тајм“ оваа година настапуваат речиси насекаде низ земјата, а наскоро  ќе ги објават и деталите за нивните турнеи преку океанот.
Влезници за концертот на 30-ти јули на „Антички театар“ може да купите преку продажната мрежа на „www.kupikartizase.com“, како и на плоштадот во Охрид.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Димиш одржа промоција на неговата нова песна и видео запис за „Срце и мозок“

Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова …