Куглоф – англиски пудинг со урми и карамел сос на Џејми Оливер

Англичаните иамат долга традиција во подготвување на пудинзи. Меѓу омилените на познатиот готвач Џејми Оливер е „Пудинг со урми и карамел сос“…
Потребно е:
4 кесички чај „Еарл“, или по ваш вкус
450 г урми
1 рамна лажичка цимет
1 морско оревче
3/4 шоља мек путер
2,5 шољи (од 250 г) брашно
1 кесичка прашок за печиво
3/4 шоља шеќер
1 шоља кафеав шеќер
4 јајца
малку сол
Карамел сос:
1 шоља мек путер
2/3 шоља кафеав шеќер
3/4 шоља шеќер
3 лажици рум
1 +1/4 шоља слатка павлака
Подготовка: колач: урмите исчистете ги. Од кесичките чај со 300 мл топла вода подгответе чај. Урмите ставете ги во блендер и полијте ги со чајот. Оставете да отстојат (малку да омекнат, 10 минути) а кога скоро ќе бидат ладни иситнете ги. Изматете ги пенесто путерот и шеќерите, продолжете го матењето и додавајте ги јајцата едно по едно. Вмешајте цимет, ренданото морско оревче, брашното со печивото. Смесата истурете ја во намачкан со путер и наросен со брашно калап за куглоф (или во тавче по ваш збор). Ставете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 45 – 50 минути, додека не биде печено. Најдобро е да проверите со чепкалка. Боцнете го колачот и ако чепкалката е сува значи дека тестото е испечено.
Извадете од рерната, оставете малку да се излади и префрлете на чинија.
Карамел сос: во длабок сад ставете ги путерот, шеќерите, загревајте да добиете еднолична смеса.Додајте го румот, слатката павлака и оставете да зоврие. Оставете да вари, на средна температура пет минути. Или додека не добиете златно – кафеав прелив.
Со четка мачкајте го колачот неколку пати, убаво да го впие карамел сосот. Ако ви остане сос ставете го во средина.
Колачот послужете го со малку сос или со сладолед, по ваша желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …