Коста Петров урива рекорди – 14 издание на „Се гледаме на врвот“ и 9 на „Стравот“

Најчитаниот македонски автор, Коста Петров, кој веќе неколку години се наоѓа на врвот надомашните топ-листи, деновиве го доби своето рекордно 14 издание од својата прва книга„Се гледаме на врвот“, како и деветтото издание од „Стравот“, двете објавени во издание на Издавачки центар ТРИ од Скопје.


Коста Петров е автор на четири книги –„Се гледаме на врвот“, „Стравот“, „Нашето последно кафе“, „Никој не рече дека ќе биде лесно“ –кои се континуирано во фокусотна интересотна македонските читатели од сите возрасти. Тојуспеа да ги надмине сите рекорди напродажба и во бројот на изданија со над 35.000 продадени примероци за само шест години. Бројките се потврда за несомнениот квалитет на Коста Петров како автор и неговата умешност да инспирира илјадници луѓе да тргнат по патот кон успехот и да се соочат со сите предизвици што тој ги носи.


Потврда за популарноста на Коста Петров се и признанијата за најчитан авторкои ги доделува библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Скопје, со кои се стекна во 2015 и 2017 година.


Деновиве Коста Петров е актуелен и како автор на текстот на нашата евровизиска песна „Прауд“, што на Евровизискиот фестивал во Израел ќе ја изведе Тамара Тодевска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …