КОРОНА ВИРУС – Дали Грција ги враќа мерките од 1 септември?

Македонските туристи беа воодушевени од веста во мај, кога беше донесена одлука да се укинат сите мерки во Грција и дека нашите граѓани можат да ја посетат оваа земја само со пасош, без никакви потврди и документи за коронавирус. Оваа одлука е во сила до 1. септември, но што ќе се случи потоа? Дали се враќаат мерките?
Голем број граѓани на нашата земја со нетрпение го чекаат септември, бидејќи тогаш ќе можат да летаат по значително пониски цени и без голема гужва.
Грчкиот министер за здравство Танос Плеврис неодамна коментираше дали Грција ќе ги врати мерките за коронавирусот од 1. септември.
„Нема да има потреба од воведување мерки за коронавирусот наесен“, рекол Плеврис во гостувањето на телевизијата СКАИ, јавуваат страниците за патување во Грција.

This image has an empty alt attribute; its file name is grcija-odmor.jpg
„Имаме протоколи за лекување, вакцинирани популации, варијанти и антивирусни лекови. Оваа сеопфатна комбинација ни овозможува да бидеме оптимисти дека нема да се вратиме на задолжителните мерки и ограничувања“, рекол тој.
Плеврис рекол дека ќе бидат подготвени да ги преземат сите неопходни мерки доколку е потребно, но дека не сакаат да се дојде до рестриктивни мерки.
Во секој случај, Министерството за здравство во септември ќе ја преоцени епидемиолошката состојба и ќе земе предвид дали националниот здравствен систем е под притисок пред да се одлучи за можните мерки.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …