Концерт на „Монистра“ во Прилеп

Во четврток, 16. август 2018, во 20.30 часот на просторот околу Градскиот саат, во Прилеп, целовечерен концерт ќе одржи етно составот МОНИСТРА.
Концертот е со поддршка на Министерството за култура.
Етно составот го сочинуваат:
Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда, Габриела Јанушеска – вокал, Филип Николовски – тамбура, Јован Стрезовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски, Дамјан Зифовски – ударни
Целта на етно составот „Монистра“ е изучување, негување, чување и презентирање на најубавиот дел од културното наследство на Македонија, а тоа секако е македoнската изворна музика. Почетоците датираат уште од 1992 година кога членовите на составот стануваат дел од КУД„Цветан Димов“ од Скопје. Сите се музички образовани, а нaстапувале и на Фестивалот на изворни инструменти н песни „Пеце Атанасовски“.
На концертот во Прилеп, етно составот „Монистра“ ќе исполни изворни народни песни, ќе отсвири виртуозни ора и ќе го претстави својот специфичен музички израз, кој досега го промовирале на бројни музички манифестации и фестивали низ Македонија и во странство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …