Концерт на Conquering Lion во Snow Patrol Lodge на Попова Шапка

Во вторник на 2 јануари 2024 година, во Snow Patrol Lodge на Попова Шапка, со почеток од 12:00 часот, свој концерт ќе одржи тетовскиот реге состав Conquering Lion.

Како загревање пред нивниот настап, свој сет ќе има ДЈ Papak Bass.


Добри Људи! Да ја започнеме Новата 2024 со позитивни вибрации од височините на Шара!, ви порачуваат момците од Conquering Lion.

Влезот е бесплатен.


Се гледаме таму!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгите „Зборовите на безгласната девојка” и „Моќта на безгласната девојка” од Ивана Јанева

Денеска, во кафе книжарница „Booksy.mk” во Куманово, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи …