Кој ќе го наследи огромното богатство на Тина Тарнер?

ТИНА ТАРНЕР во текот на нејзината кариера собрала огромно богатство кое се проценува на приближно 250 милиони долари. Hello пишува дека пејачката го решила прашањето за нејзиниот имот години пред смртта и дека најмногу, ако не и се, му оставила на својот сопруг Ервин Бах.
Пејачката беше во брак со германскиот музички директор и продуцент 10 години. Тие се венчаа во 2013 година по повеќе од 26 години врска. Меѓутоа, само три недели по венчавката Тина доживеала мозочен удар, а Ервин и го спасил животот со донирање на неговиот бубрег.

View this post on Instagram

A post shared by MEAWW (@meawwofficial)


Посвоениот син на Тина Тарнер не разговарал со неа речиси 20 години
Првиот син на Тина, Крег Рејмонд Тарнер, почина во јули 2018. Минатата година почина и вториот син на Тина, Рони. Таа остави два сина на Ајк Тарнер, Ајк Тарнер Џуниор и Мајкл Тарнер, кого го посвоила откако се омажила за Ајк Тарнер.
Сепак, во 2018 година, Ајк Џуниор, открил дека не разговарал со мајка си речиси 20 години. Тој исто така изјавил дека таа не била ниту блиска со Мајкл, туку го финансирала неговото лекување во непозната установа за опоравување.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …