Пет несакани ефекти на кофеинот кои (можеби) ќе ве натераат да промените некои од вашите навик

Кафето е еден од омилените пијалоци во текот на денот од кој многумина од вас никогаш не би се откажале.
Мислењата често се поделени кога станува збор за кафето. Оние кои помалку го сакаат веројатно често ви кажуваат за лошите страни на овој пијалок, додека ако спаѓате во групата која не може да замисли ден без кафе, сигурно ги знаете неговите безброј предности.
Сепак, како и сè друго, и овде ќе најдете добри и лоши страни, а единствено важно е да не претерувате во текот на денот, бидејќи поголемите количини на кафе сигурно долгорочно нема да ви одговараат.

Што ќе се случи ако консумираме премногу кофеин?
Анксиозност
Кофеинот може да предизвика возбуда и напнатост, тој делува така што го блокира аденозинот, кој е одговорен за протокот на енергија, а се верува дека овој трансмитер е вклучен во промовирањето на спиењето и потиснувањето на возбудата.


Несоница
На многумина од вас им пречи кафето во попладневните часови, меѓутоа, заедно со него ви требаат и некои други фактори кои дополнително ќе ви го нарушат сонот.

This image has an empty alt attribute; its file name is don-kafe-3.jpg


Зависност
Не е ретко дека премногу кофеин секој ден може да предизвика зависност, па некој обично добива главоболка ако го прескокне првото утринско кафе и таквата главоболка обично не исчезнува во текот на денот.

Висок крвен притисок
Особено за оние кои не пијат често кафе, дури и мала количина може да предизвика висок крвен притисок, но овие ефекти се привремени.


Замор и слабост
Иако кафето ни дава енергија, тоа е само привремено. Кога кофеинот го напушта нашиот систем, доаѓа до пад на енергијата и чувство на замор, поради што многу луѓе посегнуваат по ново кафе, што дополнително може да го наруши сонот.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …