Карлеуша го навреди нашиот Кристијан Јованов само да биде во центар на вниманието!

Јелена Карлеуша очигледно добро си го заработува својот хонорар како член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, кој како што истакна Саша Поповиќ е „доста висок“. И’ кога е се’ во ред таа мора „да измисли нешто“ за да биде во центарот на вниманието, па така беше и на последната емисија, синоќа…
Членката на жирито од познатото музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Керлеуша не можеше да се воздржи, па без влакна на јазикот го коментираше изгледот на еден натпреварувач, но нејзините зборови ги оставија замислени сите во студиото…
Македонскиот натпреварувач Кристијан Јованов, Според мислењето на повеќето членови од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, се покажа добро во вечерашната емисија, но Јелена Карлеуша имаше една замерка.
„Има нешто во мажите кои носат очила за вид. Имам потреба на сите да им ги симнам тие очила и да им ’ѕвекнам шлаканица’“, прокоментира Јелена, а оваа нејзина изјава го изненади младиот Кристијан.
„Направи го тоа, те замолувам“, порача тој низ смеа, додека во студиото се покрена голема полемика околу контроверзниот испад на Карлеуша.
Нашиот Кристијан се претстави со песните од Здравко Чолиќ и Тоше Проески, а ги доби сите седум гласови, потребни за да се најде во следниот круг.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …