КАМПАНИЈА ОДИ ВО КАРАНТИН – Гувернерот: „Не сакам повеќе да гледам камиони со мртовечки сандаци!“

За 24 ЧАСА во Италија, експлодирал бројот на нови позитивни на коронавирусор, 19.143, за над 3.000 повеќе од вчерашниот број, 91 пациенти починале.
Најголемиот скок, како и претходните денови, е забележан во Ломбардија, каде биле евидентирани скоро 5.000 новоинфицирани лица, и покрај воведениот полициски час од 23. часот, но тој број е резултат на претходната неодговорност и непочитување на мерките за заштита, особено на младите.
Следува Кампанија со 2.280 новозаболени поради што гувернерот Винченцо Де Лука објави барање за целосно затворање на активности во регионот, освен суштински за живот, од 30. до 40. дена, проследено со неговиот потпис денес или во недела, затоа што „тој не сака повторно да гледа камиони кои носат ковчези “.


Премиерот Џузепе Конте продолжува да апелира за одговорност, а регионите одлучуваат за делумно затворање, оценувајќи ја состојбата со санитарните власти, сè со намера да не се затвори целосно како што Италија живееше во март и април оваа година, а ги чекаат и потезите за затворање и во некои европски земји.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …