СЗО ПРЕДУПРЕДУВА НА СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ: Наредните месеци ќе бидат посебно тешки!

„Следните неколку месеци ќе бидат особено тешки кога станува збор за пандемијата на коронарниот вирус“, рекол генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејезус, на брифинг во Женева.
Гебрејезус рекол дека ова е критичен момент кога станува збор за пандемијата, особено во северната хемисфера. Тој посочил дека следните неколку месеци ќе бидат многу тешки и дека некои земји се „на опасен пат“, пренесува ТАСС.
Голем број земји бележат експоненцијален раст на бројот на заразени лица, што доведува до преоптоварување на здравствените системи, посочи генералниот директор на СЗО.
Тој ги повика водачите на државите да преземат итни чекори со цел да се спречи натамошно влошување, како што е сеопфатна анализа на епидемиолошката состојба и итно прилагодување на мерките на оние места што бележат голем пораст на бројот на новоинфицирани.


Покрај тоа, властите мора јасно да ја информираат јавноста за реалната епидемиолошка состојба и да им помогнат на граѓаните и економијата, додаде Геберејесус.
Тој истакна дека е забележан недостаток на кислород во болниците во многу земји.
Некои од најсиромашните земји во светот имаат само пет до 20. проценти од кислородот потребен за лекување на пациентите, истакна генералниот директор на СЗО.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …